5+ Бенд

5+ Бенд е најјаката музичка група во светот. Петко, Лина, Цветко, Комшо, Марија, Ана, Тетка Душка и Дедо Менде се членовите на составот кој зад себе има еден цел албум и во моментов ги составува последните делчиња од својата нова, втора плоча.
 
Песните кои што се наоѓаат на репертоарот на 5+ Бенд се внимателно одбрани, со цел да се оддаде почит на дел од најважните македонски поп рок евергрини, на некои регионални хитови, како и на интернационални песни кои оставиле белег над една низа генерации. Мисијата на 5+ Бенд е истите да ги "рециклира", за и новите деца да уживаат во среќните ноти на некои од најпрекрасните песни.
 
Како што е чудна шумата во првиот сингл од нивниот втор албум, така и 5+ Бенд е чудна група. Во 5+ Бенд сите свират на сите инструменти и никој никому не пречи. Се пее рок, поп, народно, старско, младско, селско, градско... во основа се пее се' што е убаво и ги радува ушите. Малку познат факт е дека покрај свирачи и пејачи, членовите на 5+ Бенд се и и танчери и акробати и сонувачи и актери што уште не...
 
 
5+ Бенд - Има ли забава5+
 
 
Бенд - Чудна шума
 
 
5+ Бенд - Лина
 
 
5+ Бенд - Љубен си
 
 
5+ Бенд - Здрава храна за детство без мана
 
 
5+ Бенд и Пеперминт - Автобус
 
 
Со 5+ Бенд можете да се дружите на:
 
Фејсбук
 
Јутуб
 
Твитер

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот