27 апсолутно позитивни работи од снегот и ладното

Ако гледате вести на наши телевизии (а се надеваме дека не гледате) надвор се случува апокалипса. Порано таа апокалипса се викаше зима, но добро јазикот е жива материја и зборовите и нивното значење се менуваат. Сигурно не сте шокирани кога ќе порчитате ЌЕ СЕ ШОКИРАТЕ наслов па после има селфи од Јелена Карлеуша со Пеџа Меденица. Снегот и ладното имаат позитивни страни, ако тоа не ви изгледа вака настинат и измрзнати.

1. Има и друга тема за разговор освен политика и загадување

2. Не се гледаат дупките на патиштата

3. Имате совршено оправдување да не се гледате со луѓето кои не сакате на кафе

4. Сите се сеќаваат на пингвините кои во другите временски прилики и неприлики се заборавени

5. Ако сте грд/а со шал и капа никој нема да знае

6. Ако имате грд/а дечко/девојка само покријте им го ликот со шал и капа и никој нема да примети дека се грди

7. Ги научивте пола руски градови барајќи некаде да е поладно и да ставите скриншат од температурата на Фејсбук

8. Повторно сме лидери во ново поле. Во Европа 60 жртви од студот, кај нас само 3

9. Можеш да го исклучиш фрижидерот. Добро можеше во секој случај нема паштетата да се расипи

10. Повеќе време поминуваш со семејството што ги јача меѓучовечките односи во основната клетка на општеството

11. Секое тело на студ се собира. Значи сега си најслаб/а

12. Не те гњават од партија да одиш на протести и контрапротести

13. Можеш да се облекуваш ко клошар и никој да не ти замери

14. Не мора да купуваш виски, имаш надвор само треба да го собереш

15. Повеќе ќе ја цениш пролетта

16. Го изненади телото со чај

17. Можеше да е и полошо. Да е толку студено, да има толку снег и да имаш Ебола, на пример. Затоа цени го ова

18. Во зимската облека најде 200-ки заборавени од лани. После бараше и во летната да не имаш заборавено ама ништо

19. Ја чистеше колата и имаше физичка активност што е добро за твоето психофизичко здравје

20. А колата не ти ја ништат гулаби што исто така е добро за твоето психофизичко здравје

21. Напиша шега за Македонија пат

22. Ако имаш деца не се секираш каде се затоа што се дома под ќебе

23. Се осеќаш како Норвежанин минус стандардот

24. Нема бубачки!

25. Се осеќаш добро кога ќе се вратиш дома, а не си паднал. Чувство што го немаш во другите годишни времиња

26. И на оние кои ти нудат да се зачлениш во Лајонс им студи па не ти досадуваат

27. На некој автомобил на снегот нацрта нешто и се почувствува како дете. После побрза на работата, што ја мразиш ама си заглавен на неа, за да не те ибркаат

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот